Од почетник без искуство, почнав да работам како јуниор дигитален маркетер

Споделуваме интервју со една од нашите учеснички на програмата за Certified Digitital Marketing Professional


Ова е една од многуте успешни приказни кои ги очекуваме во иднина. Прочитајте како Моника од почетник без искуство, започна да работи како јуниор дигитален маркетер.


Дознај што ја натерало да се запише на Galeksia, за нејзиното искуство и зошто се одлучила за промена на кариера како дигитален маркетер.


1. Кажи ни нешто повеќе за себе. Што е твоја пасија и како го поминуваш слободното време?


Во слободно време најчесто сакам да гледам сериии и го учам шпанскиот јазик. Исто така, патувањето е моја пасија, сакам да запознавам и истражувам нови места, нови култури. 


Меѓутоа со оглед на ситуацијата со пандемијата, го искористив времето за учење, решив да ја променам кариерата во полето на дигиталниот маркетинг. 


2. Пред почетокот на програмата ти беше почетник во ова поле. Што те поттикна да учиш дигитален маркетинг и зошто ја одбра оваа индустрија за промена на кариера? 


За тоа е виновен еден пост на Galeksia. 😁 


Почнав да истражувам што нуди дигиталниот маркетинг и сфатив дека ова е индустријата во која можам да ја развивам својата креативност. 


Употребата на различни алатки и креирањето на дигитална стратегија, како и аналитичкото размислување во ова поле кое постојано се развива, беа едни од клучните фактори за мојата одлука да започнам да учам дигитален маркетинг. 


3. Зошто токму се одлучи за Galeksia како место за твоја едукативна надоградба во нова сфера? 


Тоа што единствено Galeksia го нуди е сертификатот по завршување на програмата. Како иден дигитален маркетер, овој сертификат кој е признат секаде во светот е само “круната” која го краси знаењето. 


Секако и фактот дека програмата креирана од светски лидери во полето на дигиталниот маркетинг, целосно е прилагодена за учење онлајн и пристапот кои студентите го имаат до материјалите на платформата на DMI.


4. Сега после завршувањето на предавањата, која е твојата искрена оцена за досегашното искуство со Galeksia? 


Чиста 10ка. 😉 


Сите часови се исполнети со интерактивна содржина, а материјалите се објаснуваат преку реални примери.

Менторите се достапни за сите дополнителни прашања во било кое време и лично мене ми беа мотивација и поттик да сакам да научам и да ја насочам својата кариера во полето на дигиталниот маркетинг.


5. Убавите вести ги оставаме за крај. 🙂 Ти официјално почна да работиш како јуниор дигитален маркетер во Vrootok Marketing & Consalting. Честитки! Како програмата на Galeksia и DMI те подготви за практично работење во оваа динамична професија?


Преку сите задачи кои ги добиваат студентите, како и сите совети и сугестии од менторите, во Galeksia покрај теоретскиот дел имав можност да научам и како всушност да го употребам практично своето знаење.


Многу ми е драго што станав дел од тимот на професионалци во Vrootok, каде што ќе ја започнам својата кариера како дигитален маркетер.


6. Што би имала да им порачаш на сите оние кои се двоумат дали да ја променат кариерата во правец на дигитален маркетинг? Посебно на оние кои не се сигурни дали ќе се снајдат со програмата на Galeksia затоа што немаат предзнаење во ова поле.


На сите почетници кои сакаат да учат за дигиталниот маркетинг и да ја насочат кариерата во ова поле, без двоумење им препорачувам тоа да го започнат во Galeksia. 


Ако немате предзнаење, како што немав ни јас, доколку сте подготвени и сакате да научите, нема да имате никаков проблем. Ако имате желба да научите, верувам дека ќе успеете. Секако, доколку имате прашања или нешто што е нејасно, тука се менторите за да ви помогнат.



Доколку и ти сакаш да си во тек со дигиталните трендови во светот и имаш желба за успешна кариера, не двоуми се и одбери ја Galeksia. 


Уписите за септемвриската група се во тек!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче