Custom обуки за дигитален маркетинг

Galeksia нуди флексибилни, наменски, и прилагодливи сертифицирани едукативни програми за дигитален маркетинг за твоите вработени.

Со оваа програма се тренираат вработени во светските гиганти!

Со програмата на Galeksia, поддржана од DMI, се тренираат лидерите на маркетинг тимовите на светските гиганти:

Програмата на Galeksia

Нашата програма вклучува сè што им е потребно на твоите вработени за да станат лидери во дигитален маркетинг.

Certified DMI Specialist – Social Media Marketing

Certified DMI Specialist – Digital & Social Selling

COMING SOON

Certified DMI Specialist – Strategy and Planning

COMING SOON

Certified DMI Specialist – Search Marketing

COMING SOON

Ќе ти помогнеме да направиш дигитална трансформација

Нашите предавачи ќе работат заедно со твоите вработени за да ги надоградат нивните способности во согласност со потребите на твојот бизнис. Тоа ќе го направиме во 5 едноставни чекори:
1
Ќе ги идентификуваме слабостите и силните страни на твојот бизнис
2
Ќе ја прилагодиме програмата да биде апликативна за твојот бизнис
3
Ќе ги обучиме твоите вработени во дигитален маркетинг во согласност со потребите на бизнисот
4
Ќе го провериме знаењето на твоите вработени по тренингот за да ја потврдиме вредноста на твојата инвестиција
5
Ќе го провериме влијанието на овој тренинг за дигитален маркетинг врз ефективноста на твојот бизнис

Твојата компанија ќе биде во чекор со светските промени

Над 77% од маркетинг директорите во светот се согласуваат дека маркетингот има главна улога во развитокот на компанијата

Кои се предностите од сертифицираниот тренинг за дигитален маркетинг?

Твоите вработени ќе:

Станат лидери во дигитален маркетинг;
Учат од програма валидирана од Google, Facebook, и IBM;
Ти помогнат да направиш дигитална трансформација на бизнисот;
Се стекнат со способности директно од лидери од дигиталната индустрија;
Можат да ти дадат маркетинг поддршка од внатрешноста на бизнисот;
Сакаат да останат да работат за тебе;
Ти донесат зголемен поврат на инвестиција;
Бидат оценети и наградени за унапредувањето на нивните дигитални вештини.

Дознај како сертифицираните програми на Galeksia ќе ги однесат способностите на твојот тим на ниво парелелно со светските лидери во дигитален маркетинг

Со оваа програма се тренираат вработени во светски гиганти!

Со програмата на Galeksia, поддржана од DMI, се тренираат дигитал маркетинг лидери вработени во светски гиганти:

Што нуди Galeksia и кои се главни предности на програмата?

Galeksia е акредитирана од Digital Marketing Institute за сертифицирани тренинзи во областа на дигиталниот маркетинг. На глобално ниво, во изминатите години овие тренинзи овозможја вработување на 94% од учесниците кои ги завршиле. Исто така, 80% биле унапредени на повисока позиција до 12 месеци од завршувањето на тренингот. Над 50% од сертифицираните учесници добиле зголемување во платата.

Дали треба да имам предзнаење за дигитален маркетинг?

Не. Секој што има интерес да научи за дигитален маркетинг може да аплицира за обуката. Целта на оваа програма е да те обучи за сè поврзано со дигиталниот маркетинг од почеток до крај. Не прави никаква разлика дали си почетник, сопственик на компанија, маркетинг професионалец, вработен, апсолвент, или бараш промена на кариерата. Само треба да имаш страст да научиш дигитален маркетинг.

Зошто треба да ја изберам Galeksia наместо други тренинг центри?

Програмата е креирана од таканаречениот Global Industry Advisory Council во кој членуваат претставници на најголемите светски организации. Galeksia  е дел од заедница која брои 70 000+ завршени учесници кои се сертифицирани професионалци и брои 130 едукативни центри низ целиот свет. Заедница која ги поставува трендовите и стандардите за дигитален маркетинг низ сите вертикали и пазари. Сертификатите кои ги доделува Galeksia се одобрени од светските лидери како Facebook, Google, IBM и Microsoft.

Дали треба да носам лаптоп?

Да. Додека трае програмата,  твојот лаптоп ќе ти биде главно средство за работа и комуникација со учесниците и предавачите. Со оглед на тоа дека учењето и практичните вежби ќе бидат работени во локална околина, од исклучителна важност е покрај желбата за учење, да го понесеш и твојот лаптоп.

Kако се oдвива тестирањето преку Pearson VUE?

По завршувањето на секоја од сертифицираните програми на Galeskia, се здобиваш со право да полагаш завршен испит. Истиот е администриран од партнерот за компјутерско тестирање за програмите лиценцирани од Digital Marketing Institute, Pearson VUE, преку глобалната мрежа на центри за тестирање.

Испитот е поделен на три дела, а кандидатите треба да постигнат минимум 60% за да го положат испитот. За учесниците на Galeksia, еден ваучер за полагање на Pearson VUE завршен тест е вклучен во цената на програмата.