Предавачи

Запознај ги менторите кои ќе ти помогнат да го усовршиш твоето знаење за дигитален маркетинг! Доколку сакаш да започнеш кариера во дигитален маркетинг или уште повеќе да го надградиш твоето знаење во областа, нашите ментори ќе се погрижат да имаш беспрекорно искуство при изучување на нашите програми.

Сите ментори на Galeksia се сертифицирани од Digital Marketing Institute и имаат повеќегодишно искуство и експертиза во полето кое го предаваат. Со нивна помош, освен што ќе се стекнеш со светски признат сертификат, заеднички ќе се запознаеш со сите детали од областа на дигиталниот маркетинг кои ќе ти помогнат да напредуваш на лично и професионално ниво. 

Теодора Николовска
Digital Marketing Expert, Маркетинг Консултaнт и Сертифициран DMI тренер
Introduction to Digital Marketing

Теодора е сопственик на дигиталната маркетинг агенција Vrootok, консултант, ментор и говорник за маркетинг и бизнис раст, и основач на Galeksia.


Избрана за еден од најуспешните претприемачи во Европа за 2019 година од страна на U.S. State Department и World Chicago, Теодора е доказ дека експертизата за дигитален маркетинг е неразделна од пренесувањето на стекнатото искуство. 


Предводена од желбата за развивање идеи од концепт до реализација, како и градење дигитални искуства кои оставаат трага, од неа ќе  научиш практични примери и ќе стекнеш суштинско знаење за основите на дигиталниот маркетинг. Во искуството на Теодора се вклучени:

▪️ 60+ Консалтинг проекти;

▪️ 30+ Настани како ментор и говорник;

▪️ 45+ Успешни Маркетинг Стратегии за клиенти од:

▪️ 9 различни индустрии и 16 различни држави.

Симона Костовска
COO, Program Manager и Сертифициран DMI тренер
Content Marketing, Display and Video Advertising

Инженер по струка со пасија за дигитален маркетинг, Симона има креирано над 50 успешни content и дигитални маркетинг стратегии кои генерираат раст на бизнисите на клиентите. 


Како дел од Galeksia, таа ќе ти ги отвори вратите кон нови начини на креирање содржина која продава на сите социјални медиуми. Дополнително, ќе ти помогне да размислуваш надвор од кутијата при креирањето на содржина која ќе биде дел од контент маркетинг стратегијата. Во изминативе години, Симона има реализирано:

▪️ 25+ настани како организатор или говорник;

▪️ 7 години искуство на менаџерски позиции;

▪️ 4 години искуство како предавач на теми поврзани со дигитален маркетинг, ИТ и soft skills.

Ивана Јовановска
Social Media & E-mail Marketing Professional и Сертифициран DMI тренер
Social Media Marketing, E-mail Marketing

Ивана е експерт за Paid Advertising, односно платени реклами на социјалните медиуми и ќе те научи како да креираш успешни кампањи кои конвертираат и носат до зголемување на продажба. 


Таа ќе ти го пренесе и нејзиното знаење за поставување на беспрекорни E-mail маркетинг кампањи и ќе те научи на најважните техники кои ќе ти помогнат да донесеш брз бизнис раст. Во портфолиото на Ивана се вбројуваат:

▪️ 200+ успешни E-mail маркетинг кампањи кои генерираат раст на продажба;

▪️ Над 1.000.000$ потрошени во Paid Advertising;

▪️ 7 различни индустрии и 10 различни држави.

Теодор Јосифовски
Search Marketing Professional и сертифициран DMI тренер
SEO (Search Engine Optimization), Paid Search (PPC) with Google Ads, Website Optimization, Analytics with Google Analytics

Теодор Јосифовски дипломирал на ФЕИТ на Информатика и Компјутерско Инженерство, а магистерските студии по Project Management ги завршил на престижниот RANEPA факултет во Москва. 


Teодор ќе ти го пренесе неговото знаење преку практична работа и споделување на она што го научил од своето 10 годишно работно искуство на проекти кои вклучуваат клиенти од целиот свет. Неговото искуство вклучува:

▪️ 1000+ keywords рангирани на првата страна на Google Search;

▪️ 70+ SEO оптимизирани веб-страници oд:

▪️ 11 различни индустрии и 7 различни држави.

Михаил Китановски
Бизнис Консултант и Сертифициран DMI тренер
Digital Marketing Strategy

Михаил Китановски e сопственик и генерален директор на компанијата за консултантски услуги Kitanovski & D2EM (D2EM Consulting) и врвен консултант за менаџмент во бизнис заедницата. Во неговата дејност ја комбинира и експертизата за пијано – класична и џез реторика.


Неговото импресивно портфолио вклучува над 20 години искуство во работа со светски-познати, мултинационални компании за бизнис стратегија, продажба, финансирање и прашања поврзани со растот на компанијата. Признат за својата работа со меѓународни деловни партнерства, Михаил има искуство со in-house бизнис обуки и отворени тренинг сесии на 4 различни континенти и има работено со 700+ Клиенти од:

▪️ 70 + различни индустрии;

▪️ 30+ различни држави.

Над 70 000 луѓе

во светот имаат професионален напредок од оваа програма!

 

Многу од учесниците во оваа акедемија работат во светски гиганти како:

92%
од учесниците се изјасниле дека имале напредок во кариерата
81%
од учесниците добиле унапредување и покачување во плата
88%
од учесниците работат на високи позиции, како менаџери

контактирај го нашиот тим на професионалци и дознај повеќе