Од почетник до работа како дигитален маркетер

Доколку си млад ентузијаст кој неуморно се труди да остане во тек со промените кои постојано се случуваат во светот, сигурни сме дека барем неколкупати си помислил/а за градење кариера како дигитален маркетер.

Следејќи ја побарувачката на пазарот на трудот, можеме да заклучиме дека поголемиот број од професиите кои се барани и високо ценети се тесно поврзани со развојот на новите технологии и начините преку кои може да се изгради врска со потенцијалните потрошувачи.


Без оглед на тоа дали тукушто матурираше, или пак студираш во насока која не е поврзана со маркетингот како поле, работењето на стекнување вештина што е ценета од страна на работодавците е секогаш добар план. Но она што е сѐ уште е непознато за многумина е начинот преку кој еден почетник во дигитален маркетинг може да се стекне со знаење од оваа област.


Токму затоа, во продолжение на овој текст ќе ја побиеме заблудата за тоа што значи да се биде добар дигитален маркетер, а воедно и ќе те упатиме кон начините преку кои можеш да се стекнеш со вештини што ќе ти помогнат да креираш рекламни содржини како професионалец. 

Важноста на дигиталниот маркетинг денес

Во денешниот свет начините преку кои можеш да допреш до посакуваната таргет група се во постојан развој, подложни на многу промени предизвикани од технолошкиот прогрес.

Стабилната интернет конекција во поголемиот дел од светот, како и лесниот пристап до сите социјални медиуми ни даваат нови можности кога е во прашање начинот на кој можеме да допреме до публиката.

Набљудувајќи ја ваквата поставеност, можеме да дојдеме до заклучок дека креирањето на успешна онлајн маркетинг стратегија е од исклучителна важност за секоја компанија која се стреми кон успех.

Имањето простор во кој лесно можеме да се изразиме ни е од исклучителна помош, со оглед на тоа дека со вистинската формула, сите потенцијални потрошувачи се на еден клик од нас. 


Меѓутоа, имајќи ја предвид леснотијата со која можеме да споделиме било каква содржина онлајн, знаејќи дека секој од нас користи барем неколку социјални мрежи, можеме да заклучиме дека интернетот е пренаселено место кое е преплавено со разни содржини.

И покрај напорите за креирање алгоритам кој прецизно ќе го менаџира овој хаос, секој добар дигитален маркетер знае дека начинот да се допре до посакуваната таргет група станува сѐ посложен.


Оттука, следува прашањето: Како би можеле да го „победиме“ алгоритмот кој постојано се менува? односно: Кои се правилата за игра кои треба да ги следиме со цел да креираме успешна маркетинг стратегија?


Доколку овие прашања често опстојуваат во твоите мисли, одговорот ќе можеш да го пронајдеш имплицитно, во наредните параграфи. 

 

DMI programa vo Galeksia za digitalen marketing

 

Како до кариера во дигитален маркетинг?

Како што веќе напоменавме, сферата на дигиталниот маркетинг не налага потреба формално академско образование со цел да се биде добар. Секако, ваквиот став не ја побива важноста на насоката.

Напротив, формалното образование во маркетинг полето би ти помогнало во работата како дигитален маркетер и може да ти служи како одлична основа во градењето на идната кариера. Но важно е да се знае дека со цел да бидеш добар во бизнис светот, најважниот елемент е твојот придонес во поглед на поседување аналитички вештини кои ќе вродат со успех.


Сумирано, без оглед на тоа дали тукушто го заврши своето средно образование, или пак студираш, но размислуваш за промена на кариера, постојат голем број на опции кога е во прашање техничкиот дел кој ќе ти помогне да стекнеш квалитетни маркетинг вештини.

Затоа, денес постојат безброј курсеви и обуки преку кои можеш да научиш многу, со цел по нивното завршување да можеш да продолжиш да го остваруваш својот потенцијал без додатна помош. 


Важно е да знаеш дека речиси сите почетници во полето на дигитален маркетинг се тешки, бидејќи се работи за поле во кое конкуренцијата преовладува и секој се бори да остане најдобар.

Меѓутоа, добрата вест е дека токму од тебе зависи дали ќе успееш, како резултат на тоа колку волја и мотивација ќе одлучиш да вложиш учејќи ја основата, која подоцна лесно ќе можеш да ја надополнуваш работејќи и следејќи ги трендовите.

Како да ја пронајдеш најдобрата програма за дигитален маркетинг?

Доколку си континуирано збунет/а од опциите кои ти се понудени за промена во кариера, најпрво, најважно е да останеш смирен/а и да се посветиш на креирање план за истражување на понудите.

Можеш да започнеш читајќи повеќе за опциите кои се понудени од страна на најуспешните маркетинг компании кај нас, а воедно и да ја погледнеш понудата на Galeksia за Certified Digital Marketing Professional


На овој начин ќе можеш да се стекнеш со одлични вештини, благодарение на предавањата оддржани од страна на професионалци во полето од целиот свет. Да учиш од некој кој зад себе има долгогодишно искуство и остварен успех е особено важно, бидејќи практичниот дел по знаењето е тоа што ќе те направи подобар од останатите.

Заклучок

Живеењето во динамичен свет бара од нас континуирано да се адаптираме на условите кои ни се наложени. Со цел да останеш дел од играта и вешто да ги пребродиш пречките на кои ќе наидеш, особено е важно да работиш на подобрување на своите вештини во полето на дигиталниот маркетинг. 


Единствениот начин да го сториш тоа е преку континуирано учење, а и со избирање на Galeksia со програма која ти нуди најквалитетна едукација и светски признат сертификат.

Преку понатамошна работа и искуство ќе можеш аналитички да ги решаваш проблемите кои искрснуваат и вешто да ја подесуваш дигиталната стратегија, па така успешно да ја градиш твојата кариера како дигитален маркетер.

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче