Со вештините од оваа обука се случи мојата дигитална трансформација

Сите студенти на Galeksia се амбициозни личности кои никогаш не престануваат да учат и да се надградуваат. Една од нив е Тања, економист, банкар, сопруга и мајка. Сите овие епитети се само дел од нејзината ведра и позитивна личност. 


За тимот на Galeksia ќе каже дека се професионалци и секогаш достапни за студентите. Модулот кој ѝ оставил најголем впечаток е SEO и целата “машина” која работи зад нашите пребарувања на Google. 


Предавањата онлајн ѝ се особено драги, затоа што се безбедни и комфортни, а ќе ве посоветува дека токму сега е најпогоден моментот за инвестирање во себеси.


1.Тања, пред сѐ, си сопруга и мајка на две мали дечиња, воедно банкар со долгогодишно искуство. Од каде произлезе желбата за изучување на дигитален маркетинг?


Да, навистина е предизвик да ги балансираме домашните и обврските на работа извршувајќи повеќе улоги секојднeвно, а првенствено на трпелива, воспитана и едукативна мајка на четиригодишни темпераментни близнаци. 🙂


Но, желбата за учење нови знаења е непресушна. Учењето на природните законитости и почитувањето принципи ми даваат стабилност и прецизност, а  креативноста отсекогаш ме инспирирала и ми давала нова енергија. 


Токму дигиталниот маркетинг за мене претставува спој на аналитичноста и на креативноста, коишто за мене се многу блиски и разбирливи. Со неговото изучување сакам да ги потврдам досегашните знаења и да стекнам нови дигитални вештини. 


2. Кохезијата банкар и дигитален маркетер е невообичаена. Според тебе, зашто некој треба да се надогради со дигитални маркетинг вештини?


Да, живееме во време на нови технолошки иновации, на идејни патенти и решенија, каде што дигитализацијата станува секојдневен начин на комуникација, интегриран во сите професии, секако и во банкарството. Ефикасната комуникација е клучот за успех во сите професии, а дигиталниот маркетинг е токму успешен начин на комуникација во модерниот дигитален свет. 


Оттука надоградувањето на секој од нас со дигитални маркетинг вештини е задолжително. 🙂


3. Кој модул на програмата Digital Marketing Professional ти остави особен впечаток и сметаш дека е “game changer”?


Модулот SEO (Search Engine Optimization) за мене беше откривање на „нова планета и гледање фантастичен филм“. 


Никогаш не помислив дека содржината што ја читаме на веб-сајтовите е „измерена“. Првпат слушнав за волумен на клучни зборови, за алатки што ќе го измерат тој волумен и ќе дадат насока за нивно подобро оптимизирање. 


Ме фасцинира како функционира пребарувањето на Google, како ги пребарува сите опции, како ги рангира и ги прикажува на екранот. Разликувањето на типови на поклопување во пребарувањето по клучни зборови ми е како решавање на квадратна равенка. 🙂


Вклучувањето на негативни клучни зборови за елиминација во пребарувањата на извешатите ми беше новост. Предавањата на овој модул се од вистинска вредност и новитет што не може да се добијат на друго место.


4. Програмата моментално ја следиш од комфорот на својот дом. Како се адаптираше и кој совет би им го дала на идните студенти?


Во дигитална ера користиш дигитални алатки на комуникација. 🙂 Тоа се новите услови за работа, најбезбедни, економични и комфорни. Програмата се следи интерактивно, во живо и во пријатна атмосфера. 


Менторите на академијата се исклучително посветени на студентите, професионално едуцирани, пријатни, со ведар дух, спремни во секое време да одговорат на нашите прашања.


Знаењата и вештините на менторите се up to date и во тек со најновите промени во дигиталниот маркетинг. Со студентите има тимски дух и позитивна работна атмосфера.


5. Повеќе студии направени во изминатите месеци укажуваат на раст во сегментот на лична надградба. Зашто токму сега сметаш дека секој треба да инвестира во себе и стекнување на нови вештини?


Секогаш е време за лична надградба и за стекнување нови know-how знаења и вештини. Го сакам мотото „Човек учи додека е жив“ или доживотно учење, затоа што се подобруваат личните и професионалните вештини, се зголемува самодовербата и практичноста, се препознаваат целите, а исто така, се зголемува мотивираноста и иницијативноста.


Токму сега е најпогоден моментот за инвестирање во себеси поради динамичното, променливо и неизвесно окружување.


6. Кој е најкорисен практичен tip & trick што го доби од менторите?


Сите ментори кажаа многу корисни детали, предавајќи ги десетте сеопфатни модули.


Целта на дигиталните маркетери е остварување на успешна дигитална стратегија, за која одлично треба да се познаваат клиентите за да се одговори на нивните преференци преку сегментирање, персонализирање како и со следење на нивните навики и потреби.


При активирање кампања на социјалните медиуми, Е-mail, PPC and Google Ads, преглед на квалитетот на содржини на website или негово оптимизирање есенцијално е сите чекори да се означат, да се кодираат за потоа да се анализираат.


Аналитиката на метриките е многу важен патоказ за реализирањето на рамката на дигиталната стратегија.


7. Кои се твоите планови по стекнување на сертификатот CDMP? 


Благодарам за Вашата успешна кампања на LinkedIn преку која ја запознав Galeksia и се запишав на вашата програма, преку обука да се стекнам со сертификат за професионалец во дигиталниот маркетинг. 


Со знаењата и вештините од оваа сертифицирана обука се случи мојата дигитална трансформација!


Верувам дека овие знаења што ги научив ќе ги применам и ќе ги извршувам, а со тоа ќе се надградам себеси и ќе создадам зголемена вредност за мене и за компанијата каде што работам.


Среќна сум што запознав позитивни професионалци со тимски дух.


Уписите за програмата Certified Digital Marketing Professional се во тек.


Запиши си и стани дел од глобалното семејство на DMI кое брои повеќе од 70.000 члонови.


Искористи ја Last Minute понудата!

Не пропуштајте ги најновите вести, директно во вашето сандаче