Дигитална трансформација на твојот бизнис

Дали си спремен за дигитална трансформација на твојот бизнис?
Galeksia ќе ти помогне да го совладаш секој чекор, како за бизнисот, така и за твоите вработени.

Што е дигитална трансформација

На територијата на нашата земја, многу малку компании знаат да го искористат вистинскиот потенцијал на дигиталниот маркетинг.

 

Ова создава вакум во кој твојата компанија, со правилните вработени во неа, може да постигне неверојатен раст и профит.

 

Иако поразвиените земји се веќе навлезени во светот на дигиталниот маркетинг, вистината е дека иако 87% веруваат дека дигиталната технологија ги менува индустриите, само 44% се подготвени за оваа промена.

Зошто ти треба дигитална трансформација?

58%
од компаниите не можат да најдат доволно стручен и подготвен кадар за дигитален маркетинг.
70%
од големите компании се изјасниле дека нивните дигитални маркетери се добри во одредени маркетинг сегменти, но неподготвени во други.
23%
од целиот кадар за маркетинг и продажба ја има способноста да ги донесе резултатите поставени од бизнисот.
19%
од организациите во Европа овозможуваат основен дигитален тренинг на нивните вработени.
ЗАПОЧНИ ЈА ТВОЈАТА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ДЕНЕС

Ние ќе ти помогнеме да направиш дигитална трансформација

Galeksia има за цел да им помогне на бизнисите да ја максимизираат продажбата и заработката и да направат дигитална трансформација. Сертифицираните едукативни програми на Galeksia ќе ти овозможат да бидеш спремен за трансформација на дигиталното присуство на твојот бизнис со фокусирање на стратегијата, културата, и на самите вработени во твојата компанија.

 

Да се најде маркетер со потребните вештини е исклучително тешко, особено во нашата држава. Но, со нашата програма ќе создадеш професионални маркетери од твојот веќе постоечки тим.

Запиши ги твоите вработени на сертифицирана програма за дигитален маркетинг

Со сертифицираните програми за дигитален маркетинг овозможени од Galeksia, а поддржани од Digital Marketing Institute, твоите вработени ќе станат професионалци во дигиталната индустрија. Ќе се стекнат со релевантно знаење од програми креирани од лидерите во индустријата на дигиталниот маркетинг, и практично ќе ги научат клучните вештини потребни за заедно да ја направите дигиталната трансформација во компанијата.