Едукација за дигитален маркетинг: Зошто да ја одбереш Galeksia?

Денес не може да се замисли успешен бренд или компанија која не е присутна на интернет. Па, така и дигиталниот свет се повеќе се развива.


Дигиталниот маркетинг е професија на иднината, и во годините што следат се очекува само пораст на барањата за квалификувани дигитални маркетери.


Програмите на Galeksia се идеални за секој кој сака да заплива во водите на дигиталниот маркетинг. Без разлика дали си почетник, сакаш да напредуваш или си сопственик на бизнис, дигиталниот маркетинг е област која без сомнение ќе ти користи.


Со Galeksia ќе научиш да креираш правилни стратегии, правилно да таргетираш, да создраваш релевантна содржина, односно ќе можеш да бидеш лидер во дигиталниот свет!


Дознај кои се предностите при учење на некоја од програмите на Galeksia.

Светски признат сертификат

Само квалитетна обука може да ти овозможи да се натпреваруваш подеднакво со високо-буџетните маркетинг кампањи на големите компании. 


Сертификатот со кој се здобиваш по полагање не е само едно обично парче хартија, истиот претставува доказ на твоето знаење и овој сертификат е глобално признат.


Институтот за Дигитален Маркетинг претставува глобален стандард за сертификација во образованието за дигитален маркетинг, каде студентите се обучуваат преку квалитетен, единствен дигитален стандард.


Најголемите дигитални брендови и агенции во светот работат со Институтот за Дигитален Маркетинг за развој и валидација на наставните планови на курсевите, кои ги доставуваат стручни лица. Ти како студент ќе ја добиеш најдобрата акредитирана сертификација преку Pearson VUE, во комбинација со наставата која ти е овозможена на Galeksia.


Galeksia ти ги нуди овие Акредитираните програми преку Институтот за Дигитален Маркетинг и неговата мрежа на лиценцирани партнери за образование.


Со глобално признатиот сертификат кој ќе го добиеш по стекнатото знаење во Galeksia, ќе можеш да конкурираш со твојата компанија или да напредуваш во кариерата и лесно да добиеш работа на места кои се отворени за експерти кога станува збор за дигитален маркетинг.


Што значи ова? Можеш да го искористиш твоето знаење и да се фокусираш на градење на успешна кариера

Програма креирана од експерти во индустријата

Сè што ти треба е добро познавање на безброј опции што ги нуди дигиталниот маркетинг. Ова е тоа што Galeksia го овозможува. Развивање на твоите најдобри квалитети преку креативност и вложен труд.


Програмите кои се учат на Galeksia се креирани и одобрени од експерти во светот на дигиталниот маркетинг. Тука спаѓаат Neil Patel, Mia Mora, Larry Kim и многу други успешни луѓе на глобално ниво.


Експертите од Global Industry Advisory Council работат во светски познати компании како што се Coca Cola, IBM, Google.


Учи од програма создадена за успех


Преку програмите на Digital Marketing Institute успешна приказна имаат над 75.000 луѓе од целиот свет. Толку брои и листата на членови на оваа платформа!

Screenshot од платформата на DMI, со вкупниот број а членови на платфомата


Со учење на некоја од програмите на Galeksia ќе добиеш пристап до оваа платформа каде што има дополнителен материјал, кратки курсеви, е-книги, алатки, темплејти, вебинари, презентации и многу други корисни нешта поврзани со светот на дигиталниот маркетинг.


Исто така, ќе можеш да бидеш во комуникација и со останатите членови, да поставуваш прашања, да читаш релевантни коментари и споделени искуства. Можностите се бескрајни.

Достапност

Сите ментори на Galeksia ти се достапни за комуникација и дополнителни менторски сесии и надвор од редовните часови кои во овој период се спроведуваат онлајн


Кога велиме ментор, подразбираме некој што е тука и го поддржува растот и развојот на студентот преку давање совети и споделување на експертско знаење стекнато преку повеќегодишното искуство. 


Со програмите на Galeksia добиваш повеќе од иструктори, имаш пристап до ментори кои се фокусираат на примена на твоето знаење во пракса.

Нашите ментори, покрај тоа што се серфицирани, се подготвени за споделување на вештини, знаење, стручност. Исто така се ангажираат за твојот професионален развој и нудат дополнително подучување онаму каде што е потребно. 


Од тебе се бара само добар фокус, желба за учење и напредок и користење на сите можности кои Galeksia ти ги нуди како средства за успех!


Резултатите се мерливи, на крај ќе имаш можност да го срочиш твоето стекнато знаење со полагање за светски признат сертификат. 


Твојата идна кариера и успех како дигитален марктер се оддалечени од неколку клика. Аплицирај уште денес и научи како да извлекуваш корисни информации, да правиш добра анализа и да ги оптимизираш дигиталните стратегии и кампањи.

Како да се одлучиш?

Дигиталниот маркетинг има голем број на области за кои треба да бидеш свесен за да станеш успешен како дигитален маркетер. Целата програма на Galeksia се фокусира на секоја од нив одделно, објаснува и го поддржува теоретскиот дел со корисни практични вежби. 

Прочитај повеќе за програмите:


Вистински добар дигитален маркетер не само што знае која област на што се фокусира, туку ја разбира и интеракцијата на секоја компонента со другите во областа на дигиталниот маркетинг. А токму тој дигитален маркетер може да си ти!


Се разбира, сè уште треба да започнеш некаде пред да станеш професионален дигитален маркетер. Би ни било чест и задволство да те знапознаеме со Дигиталниот Маркетинг преку нашите програми. 


Ова се само неколку од придобивките и можностите кои Galeksia ги нуди на сите свои студенти. Ако не сме биле во можност да одговориме на сите твои прашања, слободно контактирај нè и дознај повеќе.


Не пропуштајте ги најновите вести, директно во вашето сандаче