7 причини зошто треба да почнете да учите дигитален маркетинг

Денес, интернетот е секојдневие за секој просечен човек. Овој факт со себе донесе и цели индустрии кои што се засновани исклучиво на онлајн продажби. Со ова дојде и потребата за дигитален маркетинг.


Во овој блог текст, ќе се запознаеш со 7 причини зошто треба да почнеш да учиш дигитален маркетинг и да станеш дигитален маркетер!

Важноста на дигиталниот маркетинг

Технологијата е движечка сила во светот. На неа се базира сè, од навигацијата во авиопревозот до кога да се вклучи семафорот на Партизанска. Иако сите сме запознаени со терминот дигитален маркетинг, многумина од нас не се свесни колку голема е важноста на истиот. Еве неколку факти за да разбереш колку само е важен дигиталниот маркетинг за било кој модерен бизнис:

  • Денешниот маркетинг зависи од дигиталниот маркетинг. Оние што знаат како да го искористат прават милиони
  • Дигиталниот маркетинг помага на било кој бизнис да расте
  • Има многу канали за дигитален маркетинг и секој е различен од другиот
  • Има многу поголем повраток на инвестиција од традиционалниот маркетинг
  • Има огромни можности за кариерно развивање во дигитален маркетинг
  • Помага на компанијата да се најде на првата страна во пребарувачи како Google и Bing


Горенаведеното е само дел од придобивките од дигиталнен маркетинг. 


Сега, еве 7 причини зошто треба да почнеш да учиш дигитален маркетинг и да станеш конкурентен како на домашниот, така и на светскиот пазар!

 

Причина 1: Растот на побарувачката за дигитални маркетери е огромна

 

Дигиталниот маркетинг е гранка која е подложена на константна промена и со самото тоа расте и побарувачката за дигитални маркетери.  Дел од ова се должи на фактот дека оваа индустрија опфаќа раководење со платформи што не ни постоеа до пред една декада, а дел се должи на новите технолошки иновации, како вештачката интелигенција и самата достапност на интернет што е овозможена до речиси секој жител на планетата.

Според статистиката на LinkedIn, професиите во дигиталниот маркетинг се најдоа во топ 10 професии за 2021.

 

Причина 2: Има огромен избор за специјализации

 

Дигиталниот маркетинг како гранка има многу специјализации. Едните се фокусираат повеќе на аналитичкиот дел, други се фокусираат на креативниот. Има и специјализации што се комбинација од двете. Најпознатите специјализации во дигитален маркетинг се SEO експерт, менаџер на социјални медиуми, стратег за дигитален маркетинг, и експерт за Social Selling. 

 

Причина 3: Нуди опции за соло работење

 

За работа како дигитален маркетер, не е задолжитено да одиш во канцеларија од 8 до 16ч. Самата онлајн природа на дигиталниот маркетинг овозможува работење од дома како фриленсер или пак започнување на сопствен онлајн бизнис. Дали тоа ќе е YouTube канал, Amazon подружница, или е-трговија – можностите за заработка од дигиталниот маркетинг се неограничени.

 

Причина 4: Платите за дигитални маркетери се одлични

 

Побарувачката за дигитални маркетери е речиси секогаш над понудата на спремен кадар. Ова е бидејќи формалната едукација не ги едуцира доволно студентите за да работат дигитален маркетинг, а дел е што компаниите допрва сфаќаат дека не можат без департман за дигитален маркетинг. Со самото тоа, колку повеќе дигитални вештини имаш, толку поголема е побарувачката за тебе, а со тоа и платата расте пропорционално.

 

Причина 5: Кариерата во дигитален маркетинг е флексибилна

 

Со оглед на фактот дека секоја компанија од секоја индустрија има потреба од дигитален маркетер, знаењето во дигитален маркетинг е универзално и може да се употреби во било кој бизнис. 


За да почнеш да работиш во било која индустрија потребна ти е само подготовка – другото е се базирано на твоите дигитални вештини.

 

Причина 6: Кариерата во дигитален маркетинг бара креативност

 

Дигиталниот маркетинг не е анализа на бројки по цел ден и давање проекции за наредниот квартал. Креативноста е исто толку важен дел како и аналитичноста – дигиталниот маркетинг изискува креативност за се’ – пишување блогови и постови на социјални медиуми, графички дизајни, видео едитирање…


Во оваа динамична околина, креативноста е задолжителна за да се истакне брендот. Дигиталниот маркетинг е одличен избор за креативците!

 

Причина 7: Сертификација во дигитален маркетинг ти ги отвора вратите кон светот

 

Секој може да поднаучи дел од дигитален маркетинг со упорност и знаење каде да се пребарува. Посетување на било каков курс е исто како и пребарување за нешто на Google. Но таков не е случајот кога на крајот од курсот добиваш глобално признат сертификат.


Ваков сертификат за дигитален маркетинг, како што се сертификатите од Pearson VUE, ќе ти ги отвори вратите кон светот и ќе ти овозможи да ја развиваш кариерата во странство.

 

Со Galeksia до Pearson Vue сертификат


Со сертифицираните тренинзи за дигитален маркетинг на Galeksia, имаш можност да полагаш токму за Pearson VUE сертификат. Pearson VUE е глобалниот лидер во компјутерско тестирање за IT, академски, владини, и професионални програми. Во 2011, Pearson VUE има поднесено 10 милиони тестови на светско ниво. Оваа компанија ја менаџира најголемата и најбезбедна мрежа за компјутерско тестирање во светот која што се состои од над 5000 центри за тестирање во повеќе од 175 земји.

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче